dobri.jovevski@gmail.com +38 975 258 997
Comment are off

Средби на претседателот Пендаровски со истакнати поединци во Крива Паланка во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Средби на претседателот Пендаровски со истакнати поединци во Крива Паланка во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

19 февруари 2021 | Лице в лице со претседателотСоопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, вчера попладне во Крива Паланка се сретна со истакнати поединци коишто придонесуваат во локалната заедница.

 

 

На средбата со одделенскиот наставник Добри Јовевски од основното училиште „Илинден“ претседателот Пендаровски беше запознаен со иновативниот пристап во неговата работа. Јовевски како наставник работи 23 години. Преку интерактивен пристап и свој личен концепт Јовевски се труди да поттикне интерес и да ја разбуди љубопитноста кај учениците. Вели дека во спроведувањето на наставата акцент става на примената на технологијата, која според него, на учениците им дава можност да истражуваат. Често, наставата ја изведувал и надвор од училницата, преку реализација на посети на општествени и културни знаменитости и институции. За својата работа, добил бројни признанија. Дел од неговите напори е и поголемото вклучување на ромската заедница во образовниот процес. Во разговор со претседателот Пендаровски, Јовевски нагласи дека системот треба повеќе да ги препознава талентираните наставници и ученици.

„Навистина е штета што поради пандемијата на Ковид-19 училниците се празни и го нема џагорот на учениците. Но, верувам дека со вашата иновативност ја правите интересна и онлајн наставата“, рече претседателот Пендаровски.

Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во професијата.

About the Author
The most important part of my professional work is trying to encourage the natural desire for learning in students. We use both traditional and innovative approaches in order to encourage that desire so that students will go on to effectively and efficiently master the skills needed for the 21st century workplace.