dobri.jovevski@gmail.com +38 975 258 997
Comment are off

Стимулативна училница во олеснување на процесот на учење и креирање на мисловни мапи

Како одделенски наставник работам во ООУ „Илинден“ Крива Паланка. По повеќегодишно искуство во подрачните училишта, а сега и во централното училиште 20 години континуирано професионално се развивав и усовршував. Работев во комбинирани паралелки и паралелки со повеќе ученици каде ги согледав истите проблеми кај учениците: Мотивација за учење, недоволно добро совладани базичните знаења и умеења за да можат да се надградат новите знаења и развој на повисоки мисловни операции.

За надминување на овие проблеми професионалното искуство ми овозможи компетентност  при организирање и реализација на наставните часови јасно да ги дефинирам целите, да дадам поголема слобода на учениците при дизајнирање на активностите за совладување на наставните цели.

Посебен осврт за ваквиот пристап кон работата ми беше организацијата на просторот во училницата, со мобилни позиции на ресурсите. Учениците согласно целите на часовите и нивните индивидуални образовни потреби спонтано, флексибилно и тимски стануваат од своите места земаат одредени ресурси кои мислат дека им се потребни при изработка на одредена задача и ги користат во одредена активност. Согласно потребите земаат нови ресурси или ги враќаат искористените или непотребните, меѓусебно разменуваат идеи и предмети и на крајот  индивидуално или групно презентираат. По завршување на активноста или работниот ден секој ученик или група ученици ресурсите што ги користел/е ги остава на свое место, со внимание и грижливост.

Преку ваквата организација на училницата дојдов до следните резултати: Училницата претставува креативна средина за учење, во свеста на учениците се создаваат мисловни мапи како најлесно да дојдат до решение на одредени задачи, од тоа кои ресурси и со каква успешност ќе ги користат формативно ги следам и оценувам. Согледав дека кај учениците и нивните родители се создаваат идеи за други видови на ресурси кои ни помагаат во користење на различни наставни техники.

Покрај овие образовни придобивки особено е значајна и воспитната компонента. Од разговорот со колегите, стручната служба во училиштето и родителите како и од мои лични забелешки се зголемени работните навики кај учениците и самоиницијативноста во едукативните игри,  учењето и исполнување на слободното време.

Тоа се должи на ваквот начин на организирање на училницата која ги стимулира и мотивира секој ученик поединечно бидејки секој си наоѓа сопствен извор на учење, лесно достапен на тој начин ја градат комуникативноста, самодовербата, чесноста, трудољубивоста, соработливоста, педантноста, естетски вкус и смисла за уметност.

Секако дека има многу стимулативни училници во нашиот образовен систем, но училницата што ја користам се издвојува по богатството од добро организирани ресурси на естетски начин, достапни за секој ученик со можност секој од нив да ги надрградува и да остави свој белег во заедницата во која работиме. Притоа изработките од учениците си наоѓаат свое место во училницата, со кои тие се гордеат, а често ги користиме и како обновлив извор на ресурси. Таа диманика и мобилност овозможуваат следење на современите трендови во користење на широка палета од наставни техники во сите наставни предмети.

 

 

About the Author
The most important part of my professional work is trying to encourage the natural desire for learning in students. We use both traditional and innovative approaches in order to encourage that desire so that students will go on to effectively and efficiently master the skills needed for the 21st century workplace.