КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ


Која е мојата мисија и визија!


Мојата мисија е да создадам и едуцирам современи и здрави индивидуи кои успешно се справуваат со предизвиците на модерното живеење. Мојата визија е да помогнам во формирањето ученици кои стекнуваат трајни и квалитетни знаења, развиваат навики за доживотно учење и учествуваат во пријателска и поддржувачка атмосфера, каде што се негуваат еднаквоста и соживотот во мултиетничко општество.


Фокус

Мојот фокус е создавање на стимулативна и инспиративна средина за учење што нуди разновидни искуства и можности за развој. Секој ученик да се чувствува поддржан, охрабрен и мотивиран да ги истражува своите потенцијали и да ги надминува своите граници.

Акцент

Акцентот на мојата работа е поставен на поттикнување на учениците да поставуваат прашања, креативно да размислуваат и самостојно да доаѓаат до решенија на предизвиците. Секој ученик е охрабрен да развива одговорност кон сопственото учење и активно да учествува во процесот на истражување и решавање на проблеми.

Дигитализација во наставата

Во свет каде што технологијата постојано се менува, користењето на Информациско-комуникациската технологија во процесот на подучување не е само избор – тоа е неопходност. Мојата цел е да ги интегрирам најновите дигитални алатки и ресурси за да создадам динамична и инспиративна средина за учење, каде што учениците не само што ќе ги развијат своите дигитални вештини, туку и ќе ги применат за креативно решавање на проблеми.

Медиумската писменост и критичкото размислување

Во динамичниот свет на информации, медиумската писменост станува клучен елемент за образовниот процес. Преку формирање на заедница од наставници, можностите за размена на едукативни практики се прошируваат, поттикнувајќи критичко размислување и развој на аналитички вештини кај учениците. Со користење на подкасти, интерактивни задачи и различни форми на учење, учениците се охрабруваат да ги анализираат информациите, да ги идентификуваат скриените пораки и да ја разберат моќта на медиумите во креирањето на јавното мислење. На тој начин, наставникот создава генерации ученици кои не само што се информирани, туку и активно учествуваат во процесот на учење преку медиумите.


Блог информации