“Europe with children”
28/12/2021Изложба од проектот „Редовно на часови” во училиштето „Илинден” во Крива Паланка
28/12/2021Последниот ден од минатиот месец Октомври го поминавме во духот на Германските традиции и обичаи.
Младите имаа можност да се запознаат со традицијата која секоја година се случува во Минхен – ” Октоберфест ” .
Освен приказната која стои позади настанувањето на овој фестивал ,младите се запознаа и со многу други традиции и навики кои се карактеристични за Германија.
Научивме и неколку германски зборови, а исто така имавме и одлично гастрономско искуство , вкусувајќи некои од традиционалните германски специјалитети.
Настанот го иницираа локалните наставници по германски јазик кои ги споделија своите познавања за германската култура и традиција во соработка со своите колеги.