АКТИВНОСТИ
Тренер / Обучувач
Во периодот од 2006 година до 2018 година постојано бев вклучен во процесот на професионален развој на наставниците во земјата, како тренер за наставници.
- Во процесот на модернизација на образованието бев ментор-тренер во проект за е-училиште каде за една година имам обучено околу 100 наставници од 2 училишта во 2 фази за користење на MS Office и Office 365.
- Имам организирано и реализирав 28 webinari за добри образовни практики со учество на 741 наставник, проект кој беше поддржан од Microsoft Partners in Learning.
- Во ПЕП проектот за основно образование имам реализирано стручни обуки за наставниците од основните училишта во Македонија за користење на Classmate компјутери во наставата и Едубунту.
- Имам организирано обуки за евидентирање на добрите училишни практики и видеа кои ги користат други наставници во реализација на наставата. Како обучувач за наставната програма математика по Кембриџ имам реализирано 14 обуки за 520 наставници.
- За подобрување на процесот на оценување на учениците имам реализирано 10 обуки за формативно оценување со обучени 350 наставници.
- Во проектот „Сo читање до лидерство“ во компонентите Читање, учење и забава, Математика плус, Мојот училница - мојот свет и Дигитални сликовници, имам реализирано 21 обука за 519 наставници.
- Бев ментор во три училишта за 71 наставник со организирано 3 мрежни настани со седум училишта во Македонија.
- Имам оддржано 10 обуки за Новите наставни програми според Концепцијата за основно образование и јас имав група да оддржам обуки на околу 250 одделенски наставници советник од БРО.
Галерија
Информации за Добри Јовевски во печатените медиуми
Професионална подготвеност, развој на кариерата, педагошка квалификација и усовршување, работа со учениците.