Мотивацијата клучен фактор за развој на образованието
16/01/2018Поинаков мотивирачки пристап за учење
25/02/2018На натпревар што го организираше Microsoft Македонија наставникот Добри Јовевски од Општинското основно училите „Илинден“ Крива Паланка влезе во 10-те финалисти за „365 Challenge“. Предизвикот беше подготвен со цел да се претстават придобивките во образованието преку користење на Microsoft алатките Sway, OneNote Staff, OneNote Classbook, OneDrive, Skype in the Classroom, MS Team , MS Office professional, Office mix и Forms.
Комисијата ја додели првата награда на наставникот Добри Јовевски за неговата презентација во категоријата „метод на примена“ на апликацијата за потребите во образованието. На натпреварот учествуваше и наставничката Лариса Жулина Митовски од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка која се здоби со сертификат за учество.
Наставникот Јовевски своето искуствo и алатката Skype for business ја презентираше пред специјална жири комисија од 5 членови од Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за образование, Биро за развој на образованието, ФИНКИ и Microsoft.
Комисијата презентациите ги оценуваше врз основа на 3 сегменти: зголемување на продуктивност со користење на алатките, иновативниот пристап во користењето на истите и нивниот начин на примена.