АКТИВНОСТИ


Тренер / Обучувач


Во текот на изминатите две децении, активно сум ангажиран во бројни проекти од областа на образованието, со посебен фокус на професионалниот развој на наставниците и унапредување на наставните практики. Моето најголемо мотивирачко искуство произлегува од улогата на обучувач, преку која, заедно со моите колеги, чекориме низ новите предизвици со заедничка цел – збогатување и подобрување на знаењето кај учениците.

Како координатор, сениор експерт и обучувач, учествував во имплементацијата на проекти поддржани од релевантни домашни и меѓународни институции, меѓу кои БРО, УСАИД, УНИЦЕФ, УНДП, ИПА, СЗО, МИМ, Фондацијата „Чекор по чекор“ и програмите на Еразмус. Преку овие проекти, развивав и спроведував наставни стратегии и техники, креирав едукативни видеоматеријали за поддршка на наставниот процес, како и иновативни пристапи во оценувањето на учениците. Со особено задоволство ги реализирам обуките во согласност со новата Концепција за основно образование, медиумската писменост, инклузијата на учениците Роми и координацијата на пилот-училиштата во проектот „Училишта што го унапредуваат здравјето“.

Во последниот период, значаен професионален предизвик за мене беше соработката со Државниот испитен центар во развивањето на рамката за оценување во рамките на државното тестирање по математика за V одделение, како и креирањето на стандарди за оценување по математика за III и IV одделение во соработка со Бирото за развој на образованието. Дополнително, мојот интерес е насочен кон унапредување на инклузивното образование и развивање на тандем-наставата во инклузивна училница.

Како автор на научни трудови, излагања и презентации, учествував на бројни конференции, симпозиуми и стручни средби во земјата, регионот и на меѓународно ниво. Верувам дека преку континуирано професионално усовршување, проактивност и адаптирање кон современите образовни предизвици, можеме да создадеме позитивна и стимулативна средина за учење, која промовира еднакви можности за сите ученици.


  • Во процесот на модернизација на образованието бев ментор-тренер во проект за е-училиште каде за една година имам обучено околу 100 наставници од 2 училишта во 2 фази за користење на MS Office и Office 365.
  • Имам организирано и реализирав 28 webinari за добри образовни практики со учество на 741 наставник, проект кој беше поддржан од Microsoft Partners in Learning.
  • Во ПЕП проектот за основно образование имам реализирано стручни обуки за наставниците од основните училишта во Македонија за користење на Classmate компјутери во наставата и Едубунту.
  • Имам организирано обуки за евидентирање на добрите училишни практики и видеа кои ги користат други наставници во реализација на наставата. Како обучувач за наставната програма математика по Кембриџ имам реализирано 14 обуки за 520 наставници.
  • За подобрување на процесот на оценување на учениците имам реализирано 10 обуки за формативно оценување со обучени 350 наставници.
  • Во проектот „Сo читање до лидерство“ во компонентите Читање, учење и забава, Математика плус, Мојот училница - мојот свет и Дигитални сликовници, имам реализирано 21 обука за 519 наставници.
  • Бев ментор во три училишта за 71 наставник со организирано 3 мрежни настани со седум училишта во Македонија.
  • Имам оддржано 10 обуки за Новите наставни програми според Концепцијата за основно образование и јас имав група да оддржам обуки на околу 250 одделенски наставници советник од БРО.

Галерија

Информации за Добри Јовевски во печатените медиуми

Професионална подготвеност, развој на кариерата, педагошка квалификација и усовршување, работа со учениците.